Процесот на македонизирање на градовите и менување на нивниот карактер започнат во втората половина на XVIII век, својот најголем интензитет го достигнал со почетокот на XIX век. Економската основа на градовите биле занаетчиството и трговијата. Се појавиле развиени градски занаетчиски и трговски центри кои започнале да го менуваат својот облик, како и бројот на населението. Во редот со Велес, Скопје, Кукуш, Битола, Серес, Солун и други, просперитет доживувал и Штип.