УТВРДУВАЊЕ НА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ КАКО КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТВО ПРЕСУДИТЕ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО УБИСТВО ВО МАКЕДОНСКОТОПРАВОСУДСТВО
DOI:
https://doi.org/10.46763/SCGW25112y85mAbstract
Овој труд се фокусира на утврдувањето на кривичната одговорност за убиство во македонското право, со особен акцент на пресметливоста како основен критериум. Анализата ги вклучува законските дефиниции, судската пракса и психијатриските експертизи во проценката на вината. Трудот користи правна анализа и студија на случај за да утврди кога судот може да ослободи сторител од вина и кои фактори влијаат на таа одлука. Кривичното дело убиство, според македонското законодавство, подразбира три клучни елементи: сторител, причинско- последична врска помеѓу сторителот и делото, дејство и жртва. Сите тие имаат свои карактеристики, сопствен удел во насилничкиот акт и своја улога, а заеднички на сите им е само трагичниот крај. Во овој труд ќе се запознаеме со утврдувањето на вина за тоа дали еден извршител на кривично дело е пресметлив или не е пресметлив за кривично дело убиство. Ќе анализираме и случај од пракса, односно судска одлука, за да можеме да утврдиме низ праксата на судиите и судските вештаци дали едно лице кое извршило убиство може да биде ослободено од вина, се со цел да ги прикажеме главните резултати на ова истражување.
Клучни зборови: пресметливост, непресметливост, кривично дело, убиство, судии,
судски вештаци.
Downloads
References
Арнаудовски Љ.(2007); Криминологија; 2 Август Штип; Скопје
Белевска Д.(2018); Здравствена психологија со психодијагностика; МЦСП; Свети Николе
Камбовски В.(2006); Казнено право – општ дел; 2 Август Штип; Скопје
Камбовски В.(2004); Казнено право општ дел; Скопје
Камбовски В. Тупанчески Н.(2011); Казнено право – посебен дел; Скопје
Камбовски В.(1982);Проблематиката на пропуштањето во кривичното право; Студентски збор;
Скопје
Константинович Вилич С.(2003); Типологије убистава и убица; Зборник радова правног
факултета у Нишу; Ниш
Марјановиќ Ѓ.(1982); Кривично право – општ дел; Предавања по кривично право
Новотни Љ.(1998); Судска психијатрија; НИП „Студентски збор“; Скопје