ЗНАЧЕЊЕТО НА ИМОТОТ СТЕКНАТ ВО БРАК

Authors

  • Ристо ИЛИОСКИ Судски соработник, Основен суд Кичево

DOI:

https://doi.org/10.46763/SCGW25112g103i

Abstract

Отсекогаш големо внимание предизвикувало значењето на имотот стекнат во брак.

Така имотот на брачните другари може да се подели на заеднички и посебен имот. Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на траење на брачната заедница претставува нивен заеднички имот. Во трудот ќе стане збор за тоа како имотот на брачните другари се запишува во Агенцијата за катастар на недвижности.  Какво би било управувањето со заедничкиот имот па се до можната поделба на заедничкиот имот. Всушност се согледува уредувањето на брачните односи од имотен аспект, при што за сето ова ќе ја погледнеме правната регулатива.

Целта на трудот е да се изврши објаснување на стекнувањето на имотот во брачна заедница. Почнувајќи од тоа како може да биде воопшто имотот, на заеднички и посебен, преку управувањето, поделбата на заедничкиот имот, одговорноста на брачниот другар за обврските, па се до правниот статус на подароците што си ги дале брачните другари еден на друг, пред склучување на бракот или во текот на бракот.

Освен својата теоретска димензија, трудот преку согледување на конкретни примери ја добива и својата практична страна.

Клучни зборови: брак, имот, стекнување, делба, подароци.

Downloads

Download data is not yet available.

References

Мицковиќ Д., Ристов А. (2015). Семејно право. Скопје: Стоби Трејд.

Спировиќ – Трпеновска Љ. (2008). Семејно право. Скопје: Правен факултет „Јустинијан Први“.

Чавдар К. (1993). Закон за семејството и други прописи. Скопје: Службен весник на Република Македонија.

Живкоска Р. (2005) Закон за сопственост и други стварни права (со регистар на поими). Скопје: Европа 92.

Стекнување имот во брачна заедница. Достапно на [04.04.2025], https:/jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/ИМОТ-СТЕКНАТ-ВО-БРАК-судија-Георгиевска-Read-Only.pdf.

Поделба на имот стекнат во брак. Достапно на [06.03.2025], https://pepeljugoski.com.mk/2022/09/13/podelba-na-imot-steknat-vo-brak/ .

Имот стекнат во брак – се што треба да знаете. Достапно на [26.02.2025], https://blaw.com.mk/mk/имот-стекнат-во-брак/ .

Имот по развод на брак, Правни одговори На кого му припаѓа имотот по развод на брак? Достапно на [06.03.2025], https://blaw.com.mk/mk/имот-по-развод-на-брак/ .

Закон за сопственост и други стварни права „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 92/2008, 139/2009, 35/2010.

Закон за семејството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 83/2004 – пречистен текст, 33/2006, 84/2008, 157/2008 – пречистен текст, 67/2010, 156/2010, 39/2012, 44/2012, 38/2014, 115/2014, 104/2015, 150/2015, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.53/2021 и 199/2023.

Закон за облигационите односи „Службен весник на Република Македонија“ број 18/2001, 78/2001, 04/2002, 59/2002, 05/2003, 84/2008, 81/2009, 161/09 и 123/2013.

Downloads

Published

2025-11-07

How to Cite

ЗНАЧЕЊЕТО НА ИМОТОТ СТЕКНАТ ВО БРАК. (2025). Proceedings of the International Scientific Conference "Social Changes in the Global World", 1(12), 103-112. https://doi.org/10.46763/SCGW25112g103i