ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ ВО OПШТИНА ШТИП И БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН ВО ПЕРИОДОТ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ (1945-1990)
DOI:
https://doi.org/10.46763/SCGW25112g311mAbstract
Развојот на печатените медиуми во Штип и Брегалничкиот регион можеме да го поделиме во три периоди. Првиот период е периодот на НОБ од 1941-1945 година. Вториот е периодот на социјализмот 1945-1990 година и третиот е периодот на самостојна и независна Република Македонија (1991-2025)
Вториот период (1945-1990) е тесно поврзан со развојот на социјализмот како облик на политички систем. Развојниот пат на социјализмот во Македонија се одвивал во две фази. Првата развојна фаза е административниот социјализам (1945-1950), а втората е самоуправниот социјализам (1950-1990).
Социјализмот како облик на политичка организација во државата имал огромна потреба од информирање на граѓаните за развојот на социјалистичките односи и пропагирање на социјалистичката идеологија, демократија и нејзините основни вредности. Новата социјалистичка власт имала огромна потреба од поддршка во процесот на нејзиното стабилизирање и зацврстување. Власта поддршката на своите политики ја обезбедуваше преку медиумите, кои во тој период имаа трансмисиона улога за пренесување на информациите на партиските и државните органи.
Клучни зборови: информирање, граѓани, печатени медиуми, социјализам
Downloads
References
Андрески, Живко (1994), Новинарски жанрови-кон истражувачко новинарство, Феникс, Скопје;
ИСТРАЖУВАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРВЈУ
Aтанасов Стојче, главен и одговорен уредник на Штипски весник 1997-2003;
Бојаџиски Иван, в.д. главен и одговорен уредник на Штипски весник, Штипски глас и дописник во повеќе печатени медиуми во Македонија и поранешни југословенски републики;
Димитров Ангел, новинар во Штипски весник, ТВ Стар, Канал Плус;
Киров, Борис, Народен глас, Текст објавен на 25.04.1969 година бр. 3, стр. 1;
Марјанов, Симеон, новинар во Штипски весник;
Манев, Кирил, директор и главен и одговорен уредник на Радио Штип;
Накова, Нада, Штипски весник, дописник на Нова Македонија од Штип, Привредни преглед Београд, дописник на Борба-Београд и др.
Троицки Стојан, Директор на Центарот за информирање, култура на трудот и пропаганда на МК “Астибо” - Штип;
Царев Никола, директор на Штипски весник и Радио Штип;
Читкушев Зоран, уредник на подлистокот за млади ‘’Штипска десетка’’;
Шатевски Љупчо, главен и одговорен уредник на Штипски весник 1987-1991;
Штипски Весник, ТВ ТЕКО престана да зрачи, 20 ноември 2002, стр. 4.
Штипски Весник, бр. 200, 1 Мај, 1988
Штипски Весник бр. 170/171, 8-ми Ноември 1986, стр. 24;
Штипски Весник, 01.06.1990;
Штип и Штипско во Народноослоботителната војна 1941-1945, Книга 1, Прилози од научниот собир одржан на 17, 18 и 19 мај, 1990, Матица македонска, Скопје, 2000, стр. 74-77;