Креирање на политики за сузбивање на легислативи со штетни последици

  • Боби Гидиоски

Abstract

Овој краток труд има за цел да изврши анализа на креирани политики од страна на извршната власт, преку донесените легислативи од страна на законодавецот. Со донесување на легислативите од страна на законодавецот истите стануваат легални за извршување на оние субјекти кои директно ги извршуваат истите легислативи. Според тоа, донесената легислатива, без разлика дали со тоа што е спорна и изведува штетни последици, претставува легалитет за делување на субјектот кој ја спроведува и директно ја извршува легислативата. Целта е да се увиди дали постои заблуда на општествено зло и филозофска дегенерација преку коруптивноста на оние кои ја практикуваат моќта (Ниче, 2:2006).

Published
2017-02-09