Влијанието на демографските фактори при избор на животно осигурување

  • Бранка Денкова

Abstract

Живееме во време каде што сите граѓани се изложени на опасноста од настанување на некој несреќен случај што создава неодминлива потреба за животно осигурување. Животното осигурување зазема централно место во пазарот на осигурување и претставува уникатен финансиски производ кој нуди истовремено осигурување и штедење. Факторите кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите при избор на животно осигурување се под влијание на различни демографски фактори. Демогарските фактори играат голема улога во определувањето на потрошувачкото однесување и истите претставуваат појдовна основа за стратегија за сегментирањето на пазарот. Животното осигурување во економско развиените земји е развиено, општоприфатено и претставува незаобиколен дел од системот за сигурност на населението. За разлика од развиените земји, пазарот на животно осигурување во Република Македонија не е на задоволително ниво од развојот и постои исклучително ниско ниво на животно осигурување кај населението.

Published
2017-03-07