Поим и казнено-правна уреденост на сексуалната експлоатација на деца во домашниот правен систем
Abstract
Секојдневно безбедноста и благосостојбата на многу деца во светот се загрозени од различни облици на злоупотреба и запоставување. Сексуалната експлоатација е една од најтешките манифестни форми на злоставување на децата, која остава тешки и долгорочни последици по нивниот раст и понатамошен развој. Злоупотребата од ваков вид се случува глобално и особено загрижувачки е фактот дека поголемиот дел од случаите на виктимизација остануваат непознати за јавноста и институциите на системот надлежни за заштита на детските права. Без оглед на состојбата која не е охрабрувачка, секојдневната прогресија на општествените движења, проследена со континуиран техничко- технолошки напредок во секоја пора од човековото живеење, во континуитет наметнува обврска за справување со феноменот сексуална експлоатација и облиците на сексуално злоупотребување на децата, како последица на неконтролираниот и нерегулиран пристап до комерцијализираните содржини и сериозна закана за општеството во целина. Ваквите состојби бараат континуирано изнаоѓање на нови превентивни мерки и механизми за надминување на проблемот. Заради спречување, намалување и заштита на децата од оваа злоупотреба потребна е повеќекратна и диференцирана општествена реакција во насока на креирање правна рамка соодветна на неопходноста од превенција, заштита, санкционирање, рехабилитација и придонес во однос на добросостојбата на децата без дискриминација. Доследната имплеметација на законските одредби, од друга страна, подразбира постоење на разработен систем од заштитни интервенции, кој пред сѐ ќе опфаќа различни нивоа на превенција, а потоа и механизми за откривање, односно препознавање на злоставувањето, испитување на случаите, обезбедување на непосредна правна, здравствена, социо- психолошка заштита и рехабилитација на злоупотребените деца, но и соодветно казнување на сторителите.