Банкарска гаранција како посебен вид на гаранција
Abstract
Предмет на истражување во овој труд се поимот, улогата,
значењето и правниот режим на банкарската гаранција како посебен вид
на гаранција. Кога станува збор за поимот на банкарската гаранција, пред
сѐ, мислиме на правната природа на договорот и неговото разграничување
во однос на останатите нему слични институти.
Предметот на истражувањето се базира на анализа на позитивното
право, теоретските становишта елаборирани во правната литература и
практиката во деловното опкружување врзани за банкарската гаранција
како посебен вид на средство за обезбедување на побарувањето. Во
функција на темелното осознавање на правната природа на овој институт
и елаборирањето на правните односи кои настануваат помеѓу договорните
страни, акцентот ќе биде ставен и на судската практика како помошна
алатка која ќе даде одговор на конректни прашања за кои теоријата содржи
дилеми и полемики. Во анализата на банкарската гаранција, акцентот ќе
биде ставен и на отстапувањето на правата од банкарската гаранција и
спецификите кои произлегуваат од отстапувањето на тие права на трети
лица.
Целта на трудот е да се согледаат спецификите на ова посебно
облигационо правно средство за обезбедување на побарување, да се доведе
во врска со неговата имплементација во практиката и да се согледаат
ставовите на судската практика на полето на банкарската гаранција и
правните односи од склученото правно дело.