Упатства - правила за спогодување

Instructions - rules for negotiated

  • Јулијана Иванова

Abstract

Спогодувањето за вина претставува договор склучен
помеѓу јавниот обвинител и обвинетото лице претставувано од неговиот
адвокат, којшто договор за да профункционира мора да биде прифатен и
одобрен од страна на судијата.
Со спогодувањето за вина се доаѓа до поефикасна и пофлексибилна
постапка, а со тоа и до побрзо решавање и завршување на предметите од
страна на судот. Оваа постапка којашто воедно претставува и еден вид на
спогодување за видот и висината на казната има како позитивни така и
негативни страни. Една од негативностите на оваа постапка е тоа што може
да дојде до злоупотреба што може да се види од големата и сиптоматична
бројка на предмети кои се решени со спогодување од моментот кога оваа
постапка е воведена со ЗКП, како и тоа дека скоро поголемиот број од
предметите се решаваат со спогодување без притоа да се провери дали тие
можат или не можат да бидат опфатени со постапката за спогодување.
Целта на спогодувањето за вина е целокупниот случај да биде
разрешен во една скратена постапка, наместо да се минува низ еден судски
процес, за кој се потребни време и многу ресурси.

Published
2017-03-08