Полициска соработка во кривичните предмети помеѓу Македонија и ЕУ

Police cooperation in criminal cases between Macedonia and EU

  • Владимир Игнатов

Abstract

Со рапидниот пораст на транснационалниот криминал
паралелно се наметнува потребата од меѓународната полициска соработка.
За да се одговори на предизвиците таквата соработка е неопходно да биде
интензивира од сите засегнати држави.
Република Македонија како и останатите држави не е имуна на
транснационална криминална инфекција. Земајќи ја предвид географската
положба на Македонија лесно може да се констатира дека нејзината
територија, ако не друго, претставува транзит на илегални стоки и услуги
наменети за европскиот илегален пазар.
Република Македонија соработува со сите круцијални организациони
структури кои се борат против транснационалниот криминал. Значајна
улога заземаат Европол и Интерпол. Овие полициски ораганизации
изобилуваат со стручен и искусен кадар, финансиски средства,
информациски системи, логистика и меѓународен углед. Соработката со
истите е од исклучителна важност.
За да постои успешна полициска соработка помеѓу државите против
транснационалниот организиран криминал првенствено, неопходно е да се
преземат низа активности на билатерален или на мултилатерален план.
Склучување на меѓународни договори, организирање на меѓународни
симпозиуми, хармонизација на домицилните легислативи и други чекори
во полза на сузбињето на транснационалниот криминал.
Овој труд има за цел да го проучи поимот на полициската соработка
инклузивно со историскиот развој и перспективите, начините на
полициска соработка, полициската соработка на Република Македонија и
Европската Унија во кривичните предмети и Шенгенскиот информационен
систем. При елаборирањето на горенаведеното покрај разработување
на позитивните страни на полициската соработка ќе се обидам да ги
детектирам и образложам пречките кои креираат застој во борбата
против транснационалниот криминал, како и искуствата кои Република
Македонија ги има стекнато во полето на меѓународната полициска
соработка и пракса.
Со обработка на содржините на темата сметам дека ќе се придонесе
кон зголемување на интересот за анализа на меѓународното казнено право.
Очекувам дека истражувањето во овој сегмент ќе одговара со слични
aнализи од други високообразовни институции коишто во крајна инстанца
ќе бидат од корист за правната наука и практика

Published
2017-03-08