Правна регулатива и правна практика за надомест на нематријална штета пред осигурителните компании во Република Македонија

Legal regulations and legal practice for compensation of the immaterial damage before insurance companies in Republic of Macedonia

  • Слаѓана Јовановска-Рунчевска

Abstract

Штетата како поим означува намалување на нечиј имот,
што всушност претставува обична штета (латински damnum emergens)
или пак спречување на зголемување на нечиј имот, што претставува
испуштена корист (латински lucrum cessans) од една страна и нанесување
на повреда на личните права на некое лице (нематеријална штета) од
друга страна. Нематеријалната штета е штета причинета на некое лице
во однос на личните и неимотни добра на човекот, како што се: животот,
здравјето, физичкиот и психичкиот интегритет, слободата, честа, угледот
и друго. Оваа штета се манифестира како физичка или психичка болка на
оштетениот, страв, патење и слично. Нематеријалната штета се разликува
од материјалната штета, бидејќи не претставува губење или намалување
на имотот, па токму поради тоа и во некои правни системи не се именува
како штета. Износот кој се досудува во суштина не претставува надомест
на штета без оглед на тоа што се именува како надомест на штета, од
причина што човековите атрибути кои се повредуваат немаат своја
вредност. Предизвикана штета во определени случаи се надоместува од
страна на осигурителните компании на оштетеното лице. Тоа е најчесто
во случај кога лицето кое ја предизвикува штетата, односно штетникот е
осигуран од штета во некој од осигурителните компании. Постапката за
надомест на штета пред осигурителните компании се регулира со посебен
закон, а тоа е Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, но
освен овој закон во овој дел се применуваат и одредбите од Законот за
облигациони односи и одредбите од Законот за супервизија.

Published
2017-03-08