Договор за франшиза – правна основа за постоење на франшизингот како деловна активност

Franchise agreement-legal basis for the existence of franchising as a business activity

  • Луција Кашуба

Abstract

Во трудот „Договор за франшиза - правна основа за
постоење на франшизингот како деловна активност“ на Луција Кашуба,
студентка на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, е
даден осврт на договорот за франшиза кој претставува правна основа за
регулирање на франшизинг дејноста и кој, всушност, претставува договор
во чиишто рамки е регулирана една долгорочна деловна соработка. Факт
е дека франшизингот како деловна активност не е нормирана дејност
во најголем дел од правните системи, вклучувајќи го и македонскиот, и
истиот како институт на автономната трговска практика ја креира својата
моќ врз база на реални потреби на бизнис секторот, сепак се поставува
прашањето како истиот да биде регулиран. Од горенаведеното, а врз основа
на праксата дека правото секогаш ја следи економијата, франшизингот
како економска појава ќе се регулира со договорот за франшиза кој, пак,
ќе биде проучен од аспект на трговското право, односно како трговски
договор, и од аспект на облигационото право.

Published
2017-03-08