Меѓународни и регионални правни инструменти против злоупотребата на службената положба (корупцијата)
International and regionals legal instruments against abuse of official position (coruption)
Abstract
Трудот ги обработува и анализира меѓународните и
регионалните правни инструменти на ООН, Советот на Европа и ОЕЦД
кои се однесуваат на кривичните дела против службената положба,
односно корупцијата. Овие кривични дела се едни од позастапените во
сите држави во светот и уште се нарекуваат службенички кривични дела,
поради повредата што ја чини службено лице во вршењето на својата
службена должност. Поголем дел од кривичните дела против службена
должност имаат елементи на коруптивни дејствија и затоа и кај овие
кривични дела се пропишани високи санкции.
Во трудот се анализирани правните акти на ООН меѓу кои позначајни
се: Конвенцијата против корупцијата, Резолуцијата бр. 51/59 - Акција
против корупцијата, Резолуцијата бр. 51/91 против корупцијата и
подмитувањето во меѓународните комерцијални трансакции, Конвенцијата
против транснационалниот организиран криминал позната како Конвенција
од Палермо, Декларацијата против корупцијата и подмитувањето во
меѓународните комерцијални трансакции и др.
Исто така, во трудот се анализирани и правните акти на Советот
на Европа меѓу кои позначјни се: Казнената конвенција за корупцијата,
Граѓанската конвенција за спречување на корупција, Дваесет водечки
принципи за борба против корупцијата, Резолуцијата (98)7 за формирање
на Група земји против корупција (ГРЕКО), Препораката бр. Р (2000)10 за
Кодексот на однесување на јавните службеници.
Во трудот се анализирани и актите на Организацијата за економска
соработка и развој (ОЕЦД), односно препораки, конвенции кои
претставуваат своевидна (ре)акција во борбата против корупцијата.