Kазнено-правна заштита на јавните набавки со посебен акцент врз вонкривичните прописи

Protection of public procurement in criminal law with particular emphasis on law on public procurement as lex specialis

  • Маја Малахова

Abstract

Предмет на обработка на овој труд е казнено-правната
заштита на јавните набавки во Република Македонија. Скромната цел
на авторот е да укаже на двојната сфера на казнена заштита – едната,
содржана во една инкриминација во Кривичниот законик на Република
Македонија, и втората, многу пообемна, содржана во Законот за јавните
набавки како вонкривичен пропис.Отсуството на судска практика во однос
на обете сфери на казнена заштита беше основен мотив на авторот да
пристапи кон анализа на дејствијата што подлежат на инкриминирање со
цел добивање целосна слика за пропишаните кривични дела, подигнување
на свеста за аспектите во постапката на јавните набавки кои треба да
се имаат предвид имајќи ја предвид нивната сфера на правна заштита –
законито трошење на народните пари со цел за поголема специјална
и генерална превенција. Постоењето на казнени одредби во Законот за
јавните набавки претставува превенција од инкриминирачки дејствија
кои може да настанат при спроведувањето на правата во постапките за
јавни набавки. Притоа треба да се нагласи дека основна карактеристика
на овие казнени одредби е тоа што и небрежното извршување на делата е
казниво. Од друга страна, предвидените високи затворски и парични казни
за определени неправилности, одат во насока на воспоставување систем
за јавни набавки кој ќе се темели врз висок степен на транспарентност,
конкурентност, еднаков третман и недискриминација на економските
оператори. Имајќи предвид дека преку јавните набавки се трошат јавни
пари, пари од граѓаните и од фирмите преку даноци и други јавни давачки,
се наметнува потребата за нивно законско, транспарентно, јасно, јавно и
одговорно спроведување, како и за отчетност кон оние чиишто пари се
трошат.

Published
2017-03-08