Смртна казна
Death penalty
Abstract
Резимето се однесува на смртната казна, корените на
истата, начините на реакција на општеството во минатото. Сето тоа
се поврзува со појавата на смртна казна и методите на извршување на
истата. Исто така се елаборирани таквите методи, но и најчестите методи
на смртна казна кои се применуваат денес во државите во кои постои
казнување со смрт. Опфатени се и дилемите кои се јавуваат за тоа дали
да постои или да не постои ова казнување, зошто да постои, а зошто да не
постои и ако постои за кои дела и на кој начин да биде извршенo. Се зема
предвид влијанието на уставните одредби од Уставот на РМ и забраната
за смртна казна во највисокиот акт на државата, но и непостоењето на
санкција како таква во нашиот КЗ. Но, не само на домашен терен, исто
така е опфатена и улогата на Amnesty International, светска организација
за борба за зачувување на човековите права и борба против смртната
казна. Во прилог на овој труд се земаат предвид и статистичките податоци
кои визуелно се обоени со четири бои кои укажуваат на земјите каде се
извршува, каде за некои дела се извршува и каде е забранета смртната
казна.