Изборните ветувања и постизборната реалност во Република Македонија: имплементирање на јавните политики според изборната понуда
Electoral promises and postelectoral reality in Republic of Macedonia: implementing public policies according to the electoral offer
Abstract
Целта на овој труд е да се создаде корелациска анализа
помеѓу изборните понуди и остварувањето на изборните ветувања
на политичките партии односно коалиции, пред сѐ на оние кои имаат
парламентарен статус и значително влијание во политичката арена, во
процесот на одлучување и во процесот на креирање на јавните политики.
Од посебен интерес на трудот е да се утврди не само дали
релацијата меѓу изборните понуди и изборните остварувања навистина е
обратнопропорционална, туку и да се направи истражување за тоа колку е
голем јазот помеѓу програмските понуди на главните политички субјекти
во државата, наспроти нивниот реален капацитет за реализирање на истите
откако ќе дојдат на власт.
Според тоа двете главни варијабли во хипотезата ќе бидат:
независната - програмите на клучните политички актери учесници
во последните неколку изборни циклуси и зависната - програмата на
оние субјекти кои ја освоиле власта, разгледувана преку програмата на
Владата.
За на крај преку компаративна анализа да се дојде до утврдување на
хипотезата дека постои јаз помеѓу изборните ветувања и постизборната
пракса.