Извидни овластувања и должности на правосудната полиција и нејзините односи со јавното обвинителство во предистражната постапка
Preliminary police investigation and duties of the judicial police and its relationship with the public prosecutor in the preliminary investigation
Abstract
Во овој труд се прикажува важноста на полициските
дејствија во предистражната постапка. Посебно внимание е посветено на
односите помеѓу полицијата и јавното обвинителство во новиот Закон за
кривична постапка, каде што е неопходна континуираната соработка на
двата субјекти.
Улогата на полицијата во предистражната постапка има пресудно
значење за одвивањето на понатамошната кривична постапка. Полицијата
е таа која што најчесто прва дознава за постоењето на кривично дело и
ги презема потребните мерки за докажување на истото. Прибирањето на
доказите за докажување на вината кај осомничениот, треба да го прави на
правно дозволен начин, со цел да се заштитата основните човекови слободи
и права. Непочитувањето на човековите слободи и права при добивањето
на докази го негира легалното стекнување на тие докази и поради тоа
истите не можат да помогнат во понатамошната кривичната постапка.
За успешно извршување на нејзините задачи полицијата ги применува
законски дадените овластувања кои се споменати во овој труд.