Откривање и докажување на кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело во Р. Македонија
Detecting and proving the criminal offense of money laundering and other incomes from a punishable act in the Republic of Macedonia
Abstract
Феноменот на перење пари во изминатите години ги
прошири своите димензии користејќи ги интензивните процеси на
глобализација, технолошка трансформација и европска интеграција.
Особено во Р. Македонија, како земја во транзиција, дојде до суштински
промени во врска со природата на казнивите дела, така што преку
организираниот криминал, корупција, измами и даночно затајување се
создадоа значителни незаконски приходи, кои претставуваат закана за
демократијата, човековите права, владеењето на правото и стојат на патот
на развојот на пазарната економија и странските вложувања.
Имајќи го предвид фактот дека методите и техниките кои ги користат
криминалците постојано добиваат нови димензии, најголемиот дел
од незаконските дејствија се одвиваат надвор од финансискиот систем
преку готовински промет, особено е тешко на органите на прогон да ги
детектираат основите на сомнение дека е сторено кривично дело од овој
вид. Од друга страна, јавните обвинители не располагаат со доволно
механизми и материјални докази за докажување на криминалната
содржина опфатена во законското битие на делото, имајќи го предвид
фактот дека станува збор за особено комплексно дејствије на постапување
на кое секогаш му претходи друго инкриминирано дејствије.
Недостатокот на соодветни механизми и законски решенија за
откривање и докажување на кривичното дело перење пари и други
приноси од казниво дело претставува сериозен проблем во борбата против
спречување и превенција на перењето пари.