ИЗВРШУВАЊЕ ЗАРАДИ НАПЛАТА НА ПАРИЧНО ПОБАРУВАЊЕ

  • Dejan Andov

Abstract

Во овој труд се разработува прашањето на остварување на правната заштита на доверителот во постапката за извршување. Крајната цел на правната заштита ќе се оствари само ако обврзаниот субјект (должникот) го изврши чинењето, трпењето или пропуштањето што му е наложено со одлуката. Значи е потребно фактичките односи меѓу странките, како субјекти на односот, да се сообразат со правната норма содржана во одлуката. Тоа може да се оствари на два начина: прво, така што должникот доброволно ќе ја изврши обврската во рокот определен во одлуката и второ, доколку тоа не е случај, за да го оствари своето побарување кое е на несомнен и авторитетен начин утврдено со правосилната одлука, доверителот мора да се обрати до надлежен орган и во посебна постапка, врз основа на кондемнаторна одлука, да бара присилно извршување. Доверителот не може со свои дејствија да го присили должникот да ја исполни обврската. Во фокусот на овој труд е извршувањете заради наплата на парично побарување.

Клучни зборови: извршител, должник, доверител.

Published
2019-09-26