ХАРМОНИЗАЦИЈА НА АЛБАНСКОТО ПРАВО СО ЕВРОПСКОТО ПРАВО ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА

  • Nikola Gjurgjaj

Abstract

Секогаш кога се спомнува хармонизацијата на албанското право со европското право во делот на заштита на малцинствата треба да се каже дека дипломатските односи меѓу Албанија и ЕУ се поставени во јуни 1991 година,1 додека во мај 1992 година беше потпишан Договорот за трговска и економска соработка, кој беше придружуван од потпишувањето на Заедничката политичка декларација Албанија - ЕУ. 2 Прокрај тоа, Албанија странично беше спомната и на Самитот во Загреб во ноември 2000 година, кога се започна со процесот за стабилизација и асоцијација на земји од Југоисточна Европа, и тоа покрај другите и Албанија. Согласно сите документи, преговорите со Албанија за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација беа официјално отворени на самитот во Солун во јуни 2003 година. На тој самит, ЕУ официјално ги потврди изгледите за членство во ЕУ за сите земји кои учествуваат во Процесот за стабилизација и асоцијација. Клучен елемент на овој процес за Албанија е Спогодбата за стабилизација и асоцијација која беше потпишана на 12 јуни 2006 година, а имаше за цел постепен политички, економски и социјален пристап на Албанија со ЕУ.

Published
2019-09-26