ДИСКРИМИНАЦИЈА БАЗИРАНА ВРЗ ПОЛ

  • Simona Tomcevska

Abstract

Дискриминацијата од денешен аспект не претставува само различен третман, таа генерално претставува масивен проблем со кој светот се соочува. Tокму затоа со овој труд би придонела во борбата против дискриминацијата врз основа на пол во општеството. Преку компаративни анализи во нашата држава и веќе претходни истражувања овој труд ќе се ориентира околу неколку прашања во однос на причината која допринесува да постои овој тип на дискриминација во 21 век на човековото постоење. Предмет на истражување, исто така, ќе бидат и мерките што се преземени до сега, што треба да се преземе со осврт во полето на работните односи. Потенцирајќи на тоа зошто постои нееднаквоста и поделеноста во општеството каде што навидум сите граѓани се еднакви пред законот и кои ги уживаат истите права и слободи, но де јуре еднаквоста се коси со практиката. Со помош на родовата еднаквост и унапредување на правата како и институционално и оперативно вклучување на жените во политиката, општеството и практиката и зголемувањето на степенот на независност би се илустрирал модел преку кој би се намалила сиромаштијата во државата. Целта на трудот не е базирана на феминистичка агенда туку социјална политика преку која би се докажало дека со намалување на овој вид дискриминација и вклучување на сите полови подеднакво би се надминале определени општествени проблеми, но и повеќе од тоа создавајќи етички принцип кој би напишал историја.

Клучни зборови: солидарност, едукација, независност, проблем, решение.

Published
2019-09-26