EMPLOYMENT AND DYNAMICS OF THE LABOR MARKET

  • Hristina Balkanov
Keywords: КОВИД-19, вештачка интелигенција, јавни политики

Abstract

Декодирањето на иднината значи вложување напори во спознанието на историјата и разбирањето на сегашноста. Во врска со ова, актуелна е глобализацијата која од една страна овозможува светот да биде на „дофат на рака“, а од друга страна се чини дека светот никогаш не бил подалечен. Имено, современата интерконекција значи и модерни предизвици, а модерните предизвици не значат изолација и осаменост. Напротив, трендовските провокации се светски провокации и го засегаат глобалното општество.
Всушност, еден од историските глобални предизвици е и вработувањето и динамиката на пазарот на труд, иако се заборава неговата сеопшта природа, често ставајќи го во границите на едно општество. Анализата на есенцијални прашања, чиј одговор има влијание на развојот и иднината, единствено е дозволиво да биде професионална, објективна, егзактна и релевантна. Ова, во крајна линија значи точна. Истовремено, точноста претпоставува преку внимателно дефинирање на целта; собирање, трансформација и истражувачка анализа на податоците; избирање и примена на соодветна аналитичка техника да се дојде до резултатите од толкувањето и конечно да се извлечат заклучоци. Во крајна линија, напорот се сведува на тоа без занемарување на останатите фактори кои влијаеле или влијаат на вработувањето и динамиката на пазарот на труд, вниманието да се насочи кон неодамнешните случувања кои недвосмислено оставаат трага и носат новини.
На овој начин преку истражувањето на влијанието на КОВИД-19 и подемот на вештачката интелигенција на вработувањето и динамиката на пазарот на труд, базичната цел е да се обезбедат препораки за јавни политики кои ќе бидат засновани на докази за фактичката состојба.



Published
2023-12-27