https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/issue/feed Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics 2024-12-30T11:20:05+00:00 Dushica Popova dusica.saneva@ugd.edu.mk Open Journal Systems
Годишниот зборник на Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ) од Универзитетот Гоце Делчев – Штип претставува збирка на трудови во областа на туризмот и бизнис логистиката.
https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/6987 Моќ и одговорност на менаџерот и ефективен и модерен менаџер 2024-12-30T11:20:03+00:00 Zlatko Jakovlev zlatko.jakovlev@ugd.edu.mk Cane Koteski cane.koteski@ugd.edu.mk
Моќта е способност да се казнува или наградува. Тоа е исто како на деловен така и на личен план. Така на пример, ако едно лице може друго лице да повреди или да го направи среќно, тоа значи дека има моќ над него. Моќта е способност да се даде или да се задржи потребната соработка. Во тој контекст станува забор за менаџерот и неговата моќ. Денешниве турбулентни услови кои се присутни на меѓународниот пазар од една страна бараат адекватно знаење од областа на менаџментот, но исто така од друга страна неопхдно е да се одговори пред општествената заедница. Сето тоа е возможно доколку се поседуваат изградени етички норми кон неа. Бизнисот не треба да се сфати само како остварување на профит, туку тој има и свои одговорности кои се изразуваат преку задоволување на желбите, потребите и интересите на клиентите, како и кон општеството заради создавање на општествено добро. Работата на успешниот и модерен менаџер е да креира опкружување кое се однесува на остварување на личните цели и целите на претпријатието. Ефективниот и модерен менаџер треба да биде способен да инспирира, мотивира и да ја насочува работата на другите. Тој треба да создава кај нив ентузијазам за остварување на целите на претпријатието, а целите да бидат јасни за подредените. Исто така, успешниот и модерен менаџер треба да има техничка способност во областа на неговата активност.
2024-11-25T00:00:00+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/6997 Улогите на менаџерите за ефективност и ефикасност во деловните активности 2024-12-30T11:20:03+00:00 Zlatko Jakovlev zlatko.jakovlev@ugd.edu.mk Vladimir Kitanov vladimir.kitanov@ugd.edu.mk
Менаџментот означува активност на креирање опкружување во кое луѓето треба да ги остварат целите на најефективен и најефикасен начин. Тоа опкружување вклучува човечки, матерјални и финансиски ресурси со интенција да се остварат формулираните цели. Менаџментот е работа која може да е извршувана од повеќе луѓе, но пред сe од професионални менаџери. Задачите кои се извршуваат од страна на менаџерите се диферентни, динамични и комплексни, па оттаму и знаењата и способностите со кои тие треба да располагаат се многубројни. Во тој контекст, тие треба да имаат желба за учење, надградување и практична примена во нивните активности. Тоа поконкретно значи дека доколку менаџерот помисли за себе дека доволно научил за својата работа и дека во идното работење ќе може да се потпре на база на дотогашните знаења, ќе направи кардинална грешка.
2024-11-27T15:25:47+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/6998 ОД ПРЕДИСТОРИСКИ РИТУАЛ ДО КУЛТУРЕН ТУРИЗАМ 2024-12-30T11:20:04+00:00 Nikola V. Dimitrov nikola.dimotrov@ugd.edu.mk Angela Dimitrova dimitrova.angela6@yahoo.com
Првите ритуали на човекот во предисторијата се прапочеток на театар на отворено. Ритуалите, обредите, церемониите, танците се први форми од кои произлегува театарот како културна вредност и главна алка на културниот туризам.
Целта на трудот е преку анализа да се согледа интеграцијата „од предисториски ритуал до театар“, како прво ниво на развој на театарот. Второ ниво на развој и поврзаност е интеграцијата „од театар до театар за туристи“. И на крајот, како трето ниво на развојот и интеграција на театарот е „од театар за туристи до културен туризам“.
Всушност третото најсложено ново на поврзаност го сочинува културниот туризам, во кој се вклучени сите видови културни сфери (драма, музика, ликовна уметност, спорт, филм, литература, архитектура, дизајн, креативни индустрии, фолклор, традиција, библиотечна и музејска дејност, археологија и др.) од кои произлегуваат и повеќе алтернативни видови туризам (т.н. уметнички туризам, креативен туризам, археолошки, музејски и сл.).
Театарот, туризмот и културата имаат многу сличности како во појавата, развојот, промоцијата, маркетингот, менаџментот итн. Трите работи се успешни бидејќи работаат во живо, преку директна посета, со промоција, со конкретно сценарио, агенда, програма и тоа за определен временски период, во отворен или затворен простор со определен престој, со добро осмислен маркетинг и сл.
Генерално, директната вклученост и поврзаност на културата со туризмот е пресликана во културниот туризам како селективен вид туризам.
Во оваа кратка статија зборуваме само за театарот како една од најстарите уметничка форма која значително партиципира во културниот туризам. За оформување на друдот користиме литература и лична емпирија - искуство од кои ја извлекуваме суштината на трудот.
2024-12-23T18:58:32+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/7000 Евалуација на методите за управување со ризици во банкарската индустрија 2024-12-30T11:20:04+00:00 Angela Kostadinoska angela.kostadinoska@ugd.edu.mk
Ризиците постојат, влијаат на различни области од животот и работата на животната средина и затоа мора да се решат за подобра заштита и намалување на негативните влијанија од нивна страна. Имајќи предвид справување со некои од горенаведените проблеми, следните прашања се дискутирани и процесот на управување со ризик. Управувањето со ризикот е управување со несигурностите кои би можеле да ја загрозат поставената цел. Доколку не се контролира ризикот би дошло до неисполнување на поставената цел, како на пример. лош квалитет, дополнителни трошоци и слични негативни резултати. Концептот на управување со ризик најдобро може да се разбере со истакнување на основните чекори во овој процес, а тоа се: идентификување и идентификување на ризиците, мерење на последиците од управувањето со ризици, препораки за справување со ризиците и следење на резултатите од активностите. Трудот се занимава со дефинирање на ризикот во банките, управувањето со ризици и евалуацијата на методите за управување со ризици.
2024-11-27T14:34:30+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/7004 ДРЖАВНИ ПОЛИТИКИ И МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2024-12-30T11:20:04+00:00 Marija Magdinceva-Shopova marija.magdinceva@ugd.edu.mk Aneta Stojanovska-Stefanova aneta.stojanovska@ugd.edu.mk Svetlana Jovevska svetlana.jovevska@ugd.edu.mk
Државните политики и мерки имаат клучна улога во поттикнувањето и развојот на претприемништвото. Влијанието и ефектите се рефлектираат дирекно преку зголемување на бројот на претприменички претпријатија и развој на постоечките како и индирекно преку активности за креирање на поттикнувачка бизнис-клима и поддршка на претприемачите. Индиректното влијание за развој на претприемништвото претставува симбиоза од повеќе фактори кои придонесуваат за промовирање на претпримеништвото и претприемачите.
Генерално, државните политики и мерки се креираат со цел да го олеснат процесот на започнување и развојот на бизнисите преку зголемување на економската активност и отворање нови работни места. Сетот државни мерки кои се состои од финансиско поттикнување, даночни олеснувања, инфраструктурни инвестиции и реформи во регулативата придонесува за забрзан економски развој и зголемување на конкурентност на претпријатијата.
Во рамките на овој труд ќе биде даден приказ на најзначајните политики и државни мерки за развој на претприемништвото. Можностите за развој на претприемништво се јавуваат како резултат на одредените промени во глобалното окружување кои се случуваат под влијание на брзиот технолошки развој и изразена дигитализација во сите сегменти на работа. Во рамки на трудот ќе биде спроведена анализа на основните политики и мерки за постигнување развој на претприемништвото. Во завршниот дел од трудот ќе бидат дадени заклучни согледувања и препораки за подобрување на состојбата.
2024-12-02T13:21:15+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/6999 ПАСТРМАЈЛИЈАТА КАКО ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ 2024-12-30T11:20:04+00:00 Oliver Filiposki oliver.filiposki@ugd.edu.mk Dejan Metodijeski dejan.metodijeski@ugd.edu.mk Nikola Cuculeski nikola.cuculeski@ugd.edu.mk
Гастрономскиот туризам опфаќа широк спектар на активности кои се поврзани со храната и претставува важен сегмент од целокупното туристичко искуство или како мотивација за патување. Тој вклучува различни активности како: консумација на специфична и традиционална кујна, кулинарски натпревари, манифестации поврзани со храна и пијалак, локални пазари, произведувачи на храна, вклучување на туристите во набљудување или подготовка на јадењата, кулинарски школи, гастрономски патеки, ресторани наменети за локалното население и туристите, гастрономска анимација и др. Предмет на овој труд е гастрономскиот туризам погледнат преку призмата на гастрономските производи пастрмајлии. За потребите на трудот, употребена е методологија на истражување и секундарни извори на податоци преку консултирање на релевантна литература поврзана со гастрономскиот туризам како и интернетот. Направена е анализа и табеларен преглед на Штипската пастрмајлија, како и пастрмајлиите кои се подготвуваат во други градови во земјата. Врз основа на систематска евалуација на содржината и активностите, анализирани се манифестациите поврзани со пастрмајлијата во земјата.
2024-12-02T13:24:10+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/7002 ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО ОДНЕСУВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗМОТ 2024-12-30T11:20:04+00:00 Hristina Serafimovska hristina.serafimovska@ugd.edu.mk
Овој труд има за цел да го стави претприемничкото однесување, како универзална димензија на општественото живеење, во функција на интеркултурализмот со цел надминување на разликите и воспоставување на принципите на хармонија во живеењето. Економската литература одамна го третира прашањето за влијанието на религијата и културата врз водењето бизнис. Посебните верски, етнички и други социјални групации, кои имаат своја субкултура, креираат свој вредносен систем кој го детерминира и однесувањето на економските субјекти. Она што нас не интересира е повратна врска според која претприемништвото ќе биде тоа кое ќе може да влијае врз надминување на разликите креирани од различните култури. Овој труд дава препораки со кои основните карактеристики на претприемништвото (иновативноста, проативноста, преземањето ризик и сл.) отвораат можности за надминување на предизвиците на современото живеењето содржани во интеркултурализмот.
2024-12-12T17:14:11+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/7001 Себеистражувањето и истражувањето на окружувањето во процесот на управување со кариерата 2024-12-30T11:20:04+00:00 Aleksandra Zezova aleksandra.zezova@ugd.edu.mk
Истражувањето на кариерата претставува прибирање и анализа на информации за прашањата поврзани со кариерата. Преку овој процес може да се добијат информации за сопствените карактеристики (себеистражување), како и информации во врска со опкружувањето: занимањата, работните места, организациите и семејството. Целта на истражувањето на кариерата е да му помогне на поединецот да развие поголема свесност за себе и за своето опкружување, со цел да може да постави реалистични цели и да осмисли соодветни стратегии. Активностите во доменот на истражување на кариерата станаа особено значајни во последниве години во кои зголемената неизвесност и намалената сигурност на работното место бараат од луѓето да бидат приспособливи и флексибилни во пристапите кон управувањето со кариерата. Ако се познавате себеси и ако го сфаќате своето работно опкружување, тоа може да ви помогне да поставите разумни и значајни цели, како и да ве подготви за промените во кариерата, без оглед на тоа дали тие промени ќе бидат планирани или не. Всушност, способноста да се биде подготвен за промени и за нарушувања во кариерата, е суштината на управувањето со „безграничната“ кариера.
2024-12-02T13:33:28+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/7003 Optimal taxation without state-contingent debt, the Ramsey allocation for a given multiplier, and tax smoothing of consumption and taxes in complete and incomplete 2024-12-30T11:20:05+00:00 Dushko Josheski dusko.josevski@ugd.edu.mk Natasha Miteva natasa.miteva@ugd.edu.mk Tatjana Boshov tatjana.boskov@ugd.edu.mk
This paper illustrates optimal fiscal and monetary policies without state-contingent debt as in Aiyagari, Marcet, Sargent, and Seppälä (2002) and the issue of competitive equilibrium with distorting taxes, tax smoothing as in Barro (1979) but without state-contingent debt, and Ramsey problem without state-contingent debt. Numerical model od optimal taxation without state-contingent debt proves that the total resources available to the government (from taxes) are entirely used for consumption purposes, possibly reflecting a scenario where government spending equals tax revenue, and there is no debt accumulation. Optimal taxation without state-contingent debt shows that the contact between tax rate and debt is of 0th-order: The curves touch at a point but don't necessarily have the same tangent or curvature at that point. The tax rate curve is convex (minimum),debt curve is concave (maximum).
2024-12-02T13:22:24+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/article/view/7020 ТЕОРИИТЕ ЗА МАСОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ И НИВНИТЕ ИМПЛИКАЦИИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ 2024-12-30T11:20:05+00:00 Aneta Stojanovska-Stefanova aneta.stojanovska@ugd.edu.mk Marija Magdinceva-Sopova marija.magdinceva@ugd.edu.mk Dushica Popova dusica.saneva@ugd.edu.mk

Во современите општества средствата за масовно комуницирање играат клучна улога, бидејќи го обликуваат јавното мислење, но и културните и социјалните норми, кои влијаат на севкупниот политички и економски развој. Различните теории се засновани на различни филозофски и политички претпоставки за улогата која ја имаат медиумите, но и за нивната способност и капацитет да бидат независни од властите. Овој труд има за цел да ги истражи и преку теоретско дескриптивен метод да ги прикаже видовите теории кои се применуваат кај средствата за масовно комуницирање и нивните импликации на демократските процеси и слободата на изразување. Трудот ги истражува главните карактеристики на секоја од теориите и нивниот однос со државата, притоа нуди заклучоци за нивната слобода при преносот на информациите, но и за нивната одговорност и нивната соработка со политичките структури и почитувањето на правата на граѓаните.
2024-12-12T17:15:07+00:00 Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics