СОСТОЈБИ И ВЛИЈАНИЕ ОД ИНДУСТРИСКИ ПРОЦЕСИ И АТМОСФЕРСКИ УСЛОВИ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПСКИОТ И ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

  • Крсто Наумовски
  • Горан Басовски
  • Борис Крстев
  • Тијана Тодева
  • Александар Крстев

Abstract

Предмет на ова истражување беше да се испита загадувањето на амбиенталниот воздух во Град Скопје и
во Тетово со цврсти честички (РМ10) во периодот од 2009 до 2013 година и во 2015 и 2016 година. Резултатите
добиени со статистичка анализа на податоците покажуваат дека во петгодишниот испитуван период годишната
гранична вредност од 50 μg/m3 за PM10 честичките во амбиенталниот воздух е надмината за секоја година. Највисока
максимална дневна средна вредност на цврстите честички во воздухот на месечно ниво е забележана во декември, а
највисоки вредности на PM10 честичките се забележуваат во периодот од ноември до март, кој што ја претставува
грејната сезона. Во испитуваниот период мерната станица Лисиче дава највисоки вредности за РМ10 честичките во
Град Скопје, што го дефинира југозападниот дел од градот како најзагадена област во градот. Од добиените
резултати, во овој труд, може да се заклучи дека постои потреба за итна примена на мерки за прочистување на
воздухот, разработување на планови и стратегии, како на локално, така и на национално ниво.

Published
Dec 26, 2017
How to Cite
НАУМОВСКИ, Крсто et al. СОСТОЈБИ И ВЛИЈАНИЕ ОД ИНДУСТРИСКИ ПРОЦЕСИ И АТМОСФЕРСКИ УСЛОВИ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПСКИОТ И ПОЛОШКИОТ РЕГИОН. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 11, n. 11, p. 75-82, dec. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1995>. Date accessed: 21 aug. 2018.

Most read articles by the same author(s)