Current Issue

Vol 4 No 4 (2015): Yearbook 2015
View All Issues

Announcements

Повик за публикување на трудови 2016/17

 
   

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека е објавен повикот за публикување на трудови во Годишниот зборник на Факултетот за информатика за 2016/17 година.

Годишниот зборник на Факултетот за Информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип е збирка на теоретски и практични достигнувања во компјутерската наука и технологија, математиката и применетата математика.

Годишниот зборник на Факултетот за Информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ се објавува онлајн наhttp://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS со ISSN: 1857- 8691.

 

Тематски области:

Годишниот зборник на Факултетот за Информатика објавува статии во следниве области (не се строго ограничени):

  1. Компјутерски науки;
  2. Компјутерско и софтверско инженерство;
  3. Информациона технологија;
  4. Информациски системи;
  5. Компјутерска сигурност;
  6. Електроинженерство;
  7. Телекомуникации;
  8. Математика;
  9. Применета математика;
  10. Интердисциплинарни статии од компјутерски и информациски науки со образование, економија, животна средина, здравје и инженерство.

Важни датуми:

Повик за објавување на статии во Годишниот зборник:  14 Ноември 2016 г.

Краен рок за поднесување на статии:  14 Февруари 2017г.

 

Упатство за авторите:

Статиите поднесени за објавување може да бидат напишани на англиски или на македонски јазик ( се преферира на англиски јазик). Текстот треба да биде концизен. Статиите треба да бидат со обем од 5 до 12 страници А4. Теркот и формата за рецензија за зборникот можете да ги најдете на следниов линк http://js.ugd.edu.mk/public/dokumenti/informatika.

Статиите треба да бидат позиционирани во соодветно научно поле и содржат оригинални научни трудови, прегледи, критики, необјавени истражувања, рани истражувачки резултати, испитувања, достигнувања и слично. Истите понатаму можат да бидат проширени за да бидат објавени на друго место.

Сите ракописи поднесени за објавување најпрво мора да бидат рецензирани од еден или двајца независни анонимни рецензенти и проценети врз основа на нивната оригиналност, значење и прегледност. После одобрувањето на ракописот од рецензентите, статијата може да се публикува.

Статиите треба поднесени преку системот за публикување http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS. За да може да се примаат известување и да може да се поднесат статии за објавување потребно е најпрво да се регистрирате на овој систем. Регистрацијата се врши преку менито на десната страна.

Еден автор може да се појави со најмногу два труда во еден број на зборникот.

Котизација:

Публикувањето во годишниот зборник е бесплатно.

Пристапот до годишниот зборник, како и симнувањето на сите трудови во ПДФ датотеки исто така е бесплатно.

 

Со почит,

Билјана Златановска,

Уредник на Зборникот

 

Call for Papers 2016/17

 

Dear colleagues,

The Faculty of Computer Science is pleased to announce the Call for Papers for Yearbook 2016/17.

The Yearbook of the Faculty of Computer Science at the University "Goce Delchev" - Stip is a collection of theoretical and practical achievements in computer science and technology, mathematics and applied mathematics.

The papers are published online at: http: //js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS with ISSN: 1857- 8691

 

The Yearbook of the Faculty of Computer Science publishes articles, but not limited to, in the following topics:

1. Computer science;

2. Computer and software engineering;

3. Information technology;

4. Information systems;

5. Computer security;

6. Electrical engineering;

7. Telecommunication;

8. Mathematics;

9. Applied mathematics;

10. Articles of interdisciplinary of computer and information sciences with education, economics, environmental, health and engineering.

 

Important dates:

Call for publishing articles in the Yearbook: November 14, 2016

Paper Submission Deadline: 14 February 2017

 

Instructions for Authors:

The submitted papers must be original and should not have been published previously or be under consideration for publication while being evaluated for this journal.

Language: English or Macedonian language (preferably in English).

The Papers should range from 5 to 12 pages, A4 format, including references, diagrams, and appendices, if any.

For the paper format requirements, please refer to the template in Word:   http://js.ugd.edu.mk/public/dokumenti/informatika

All manuscripts submitted for publication will be reviewed by one or two independent anonymous reviewers and evaluated based on their originality, significance and visibility. After approval of the manuscript by the reviewers, the article can be published.

For the submission of the article, you first need to register on the system menu on the right, then use the paper submission system: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS

An author can have a maximum of two papers in this issue of collection.

 

Registration fee:

Publication of the Yearbook collection is free.

 

With respect,

Biljana Zlatanovska

Editor

 

More Announcements...