Преглед на техники за препознавање на лик од видео

  • Ana Ljubotenska
  • Igor Stojanovik

Abstract

Во областа на анализирање на слики, значаен проблем претставува препознавањето на лик, чија основна цел е да се открие или потврди идентитетот на личност од внесена слика, ако се дадени слика од лик како влезен податок и база со слики од познати ликови. Оваа проблематика стана особено актуелна последните години, пред сè поради големата примена што ја има во различни домени, како на пример во биометриската верификација. Техниките кои се користат за оваа цел, се класифицирани во три групи, во зависност од методологијата за добивање на податоците за ликот: методи кои обработуваат видео и аудио секвенци (аудио-визуелно препознавање на лик), интензитет на слика, или други клучни податоци, како што се инфра-црвена слика, 3Д или 2Д податоци. Методологиите можат да се комбинираат, така што ќе се работи за бимодално препознавање на лик или мултимодално препознавање. Фокусот во овој труд е кон тоа како да се комбинираат различни биометриски карактеристики за биометриската верификација за да препознавањето на лик се направи посигурно. Главната идеја е да се направи преглед и споредба на перформансите на клучните техники кои се користат за препознавање на лик од видео, укажувајќи на нивните основни карактеристики и предности, со што овој труд ќе им послужи на авторите како основа за понатамошни истражувања и продлабочувања во оваа област.

Клучни зборови: биометриска идентификација, препознавање на лик, препознавање на говор, видео

Published
Jun 3, 2014
How to Cite
LJUBOTENSKA, Ana; STOJANOVIK, Igor. Преглед на техники за препознавање на лик од видео. Yearbook - Faculty of Computer Science, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp. 77-84, june 2014. ISSN 1857- 8691. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS/article/view/779>. Date accessed: 08 apr. 2020.
Section
Articles