КАРАКТЕРИСТИКИ И ЕФИКАСНОСТ НА ЖЕНСКОТО ЛИДЕРСТВО

  • Radica Jovanova
  • Trajko Micevski
  • Ljupco Davcev

Abstract

Лидерството може да се дефинира како динамичен процес во кој еден поединец има моќ да изврши влијание без принуда врз останатите членови во организацијата активно да се вклучат во остварување на организациските цели и планови. Постојат голем број дефиниции кои го елаборираат лидерството и во ниедна од тие дефиниции не постои стигмата женско и машко лидерство. Несомнено дека постои разлики во машкото и женското водење на организациите, но токму оваа тема стана актуелна во последно време кога предрасудите и стеротипите во однос на жените лидери се сведени на ниско ниво во поголемиот дел од светот, а особено во Европската унија. Како пример може да се искористат најновите случувања во Европската унија каде по изборите одржани оваа година како претседател на Европската комисија е избрана жена и притоа 50 % од останатите членови на Комисијата се исто така жени. Последниве години многу организации во развиените земји, кои се предводени од жени се на врвот кој ја предводат домашната економија, односно и многу мали и средни компании во државата се менаџирани токму од жени. Во трудот е направен осврт кон лидерството, и е даден особен фокус на можните разлики во лидерските стилови меѓу мажите и жените Како и од приоритен интерес беше да се согледа мислењето по прашањето колку вработените ги прифаќаат жените како лидери и колку женското лидерство напредува и се имплементира во организациите.
Клучни зборови: Лидерство, лидери, жени, карактеристики, ангажираност, резултати.

Published
Feb 21, 2020
How to Cite
JOVANOVA, Radica; MICEVSKI, Trajko; DAVCEV, Ljupco. КАРАКТЕРИСТИКИ И ЕФИКАСНОСТ НА ЖЕНСКОТО ЛИДЕРСТВО. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 19, n. 3, p. 115-139, feb. 2020. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3504>. Date accessed: 08 july 2020.