БАНКАРСКИ РИЗИЦИ ПРИ КРЕДИТИРАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Bisera Mihajlova
  • Ljupco Davcev

Abstract

Целокупната стопанска активност на државата е поврзана со работата на деловните субјекти и банките како финансиски институции кои се чинители на портфолиото на едно стопанство. Предметот на работење на претпријатијата е успешното функционирање и планирање на деловната активност, која бара финансиски средства. Поврзаноста со извор на финансиска помош при работењето, односно банкарските институции се во тесна соработка со деловните субјекти. Банкарскиот ситем е витален орган на државата и финансиската основа на можноста на работење на деловните субјекти. Колку таа конекција и синергија предизвикува одредени ризици за давателите на финансиските средства е прашање на т.н. банкарски ризик при кредитирање на деловните субјекти. Банките сѐ повеќе се соочуваат со кредитен ризик (или ризик од договорна страна) преку различни финансиски инструменти, освен заеми, вклучувајќи банкарски трансакции, финансирање на трговијата, девизни трансакции, финансиски фјучерси, обврзници и проширување на обврските и гаранции и порамнување на трансакциите.
Клучни зборови: Деловни субјекти, банки, финансирање, банкарски ризик.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-02-21
How to Cite
Mihajlova, B., & Davcev, L. (2020). БАНКАРСКИ РИЗИЦИ ПРИ КРЕДИТИРАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Yearbook - Faculty of Economics, 19(3), 29-51. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3499

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>