ПРИМЕНА НА МОДЕЛИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТСКАТА ПОЗИЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА НА ПАЗАРОТ
Keywords:
модел, VRIO, конкурентска пазарна позицијаAbstract
Разликите во профитабилноста најчесто се зголемуваат поради
поседувањето на посебна стратегиска положба на пазарот, односно
поради конкурирањето преку единственост. Овoј факт го потврдува и
гуруто на бизнис стратегијата, Porter (2008), според кој настапувањето
на пазарот со цел да се биде единствен е поиздржано од конкурирањето
со цел да се биде најдобар. Единственоста на пазарот треба да се воведе
во умот на потрошувачот преку соодветна конкурентска позиција. Често,
во многу од индустриските гранки конкурентската позиција на домашните
претпријатија е на едно незавидно ниво, поради грешките кои ги прават
во стратегијата. Во овој труд се нуди значајна аналитичка рамка за развој
на стратегија и пазарна позиција на ниво на секој индивидуален бизнис,
позната како VRIO аналитичка рамка за анализа на стратегиските бизнис
единици.