Значење на истражувањето на пазарот за креирање на ефективни стратегии на работење

  • Tamara Jovanov-Marjanova

Abstract

„Благословени се тие кои размислуваат на долг рок“. На пазарот, во турбулентното и променливо бизнис опкружување, секојдневното менаџирање на работењето е невозможно да биде ефективно и ефикасно имплементирано, доколку е непознато и не се следи во секое време она што другите „играчи“ од нашата или слична област на делување го прават. Истражувањето на пазарот е алатка на маркетинг-менаџментот која го креира конкурентниот „разузнавачки систем“ преку идентификација и собирање на значајни податоци, организација на нивната анализа и примена на информациите во донесувањето на специфични маркетинг одлуки, што ѝ овозможува на организацијата да ја креира деловната и маркетинг стратегијата и да ги реализира поставените цели. Најголемиот дел од компаниите во Р. Македонија не го користат истражувањето на пазарот пред создавање на нивните деловни стратегии, а само неколку од нив го употребуваат истражувањето на пазарот во текот на нивното работење. И, каде да бараме одговори?
Published
May 23, 2013
How to Cite
JOVANOV-MARJANOVA, Tamara. Значење на истражувањето на пазарот за креирање на ефективни стратегии на работење. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.165-174, may 2013. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/530>. Date accessed: 12 dec. 2017.
Section
Articles