ЕДНО ДРАМСКО ЧИТАЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО „СЛОВЕНСКИОТ КОВЧЕГ“ НИЗ БЕЛА, ЛИКОТ-НОМАД

  • Milena Ristova-Mihajlovska

Abstract

Со овој труд се прави едно читање на драмата „Словенскиот
ковчег“ на Венко Андоновски, главно, преку атрибутирање на ликот на Бела.
Оттаму, се чита и дистинкцијата за релацијата Исток-Запад, а се одредуваат и
атрибути на останатите ликови.
Бројните интервенции и инвентивни досетки се резултат на искуството
на авторот од кој произлегува вешт наратор. Наша цел е да ги лоцираме тие
места; да ја образложиме невообичаената нараторска интервенција во прологот;
да посочиме на текстовите-предлошка на оваа современа драма; да детектираме
одредени постмодернистички техники; да расчитаме симболи; да дообјасниме
семантички полни имиња и места и сл. Сето тоа го правиме со цел да му
овозможиме на современиот читател еден поинаков интерпретативен пристап
кон ова литературно дело.
Воедно, водени сме со тенденција да се прочита Балканот со сите негови
одлики, доблести и маани, преку ликот на Бела, која според наше убедување
(не според пишана теорија!), во согласност со видувањата на Роси Брадиоти, ја
нарекуваме лик-номад. Читана со очите на Западот, Бела е само Тело.
Исто така, ги толкуваме симболите што се поврзуваат со Бела, а тоа се:
пеперутките, гугутките, правот, белата боја. Ја потенцираме и смислата за
прекогнитивноста на соновите.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
RISTOVA-MIHAJLOVSKA, Milena. ЕДНО ДРАМСКО ЧИТАЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО „СЛОВЕНСКИОТ КОВЧЕГ“ НИЗ БЕЛА, ЛИКОТ-НОМАД. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 197-205, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2525>. Date accessed: 28 jan. 2020.