ИНТЕГРИРАЊЕ НА ВОКАБУЛАРОТ ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

  • Anzela Nikolovska

Abstract

Во трудот дискутираме неколку суштествени аспекти на
интегрирањето на вокабуларот во наставата по странски јазик. Прво се осврнуваме
на принципите на селектирање вокабулар како што се фреквентноста на
употреба, опсегот на појавување на зборот во различни контексти и степенот
до кој со еден збор се покрива значење на што повеќе други зборови. Потоа ја
дискутираме потребата од комбинирање на имплицитниот со експлицитниот
пристап на поучување, со посебен осврт на принципите на кои се темели
експлицитната настава. Презентирањето на вокабуларот го разгледуваме од
аспект на тоа колку зборови да се презентираат, кои аспекти на знаење и како
да се презентираат.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
NIKOLOVSKA, Anzela. ИНТЕГРИРАЊЕ НА ВОКАБУЛАРОТ ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 265-272, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2532>. Date accessed: 28 jan. 2020.