РАЗВОЈОТ НА КУЛТУРАТА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ МЕДИМИ

  • Даниела Коцева
  • Снежана Мирасчиева

Abstract

Културата претставува највисок израз на човечкото творештво, кое повеќе или помалку е условено од општествените и историските околности. Таа претставува модел на живеење што е заеднички за сите луѓе, а кој во себе ги вклучува вредностите, нормите, обичаите, правилата на однесување, знаењето и технологијата, јазикот, уметноста. Таа постои за да ги задоволи основните биолошки, психолошки и општествени потреби на поединците. Глобализацијата доведе до интензивно мешање на народите и културите, предизвика процеси на масовни миграции, што доведе до формирање на општества со многу различни култури. Културната разновидност во рамките на една заедница често доведува до судири кои произлегуваат од различните вредности, убедувања, верувања. Како да се надмине бариерата и прифати различноста за развој на културите и целокупното општество е комплексно прашање, но истото ќе биде анализирано во овој труд можеби само од еден аспект а тоа се комуникациските медиуми.
Обидите да се создаде симбиотична врска меѓу комуникацијата, културата и медиумите иницира неколку прашања како која е нивната врска, која е функцијата на комуникациските медиуми и каква е нивната улога во процесот на развој на културата.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
КОЦЕВА, Даниела; МИРАСЧИЕВА, Снежана. РАЗВОЈОТ НА КУЛТУРАТА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ МЕДИМИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 301-308, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2677>. Date accessed: 14 dec. 2019.