УЛОГАТА НА ЕМПИРИСКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ЗА РАЗВИВАЊЕ ПРАГМАТИЧКА КОМПЕТЕНЦИЈА КАЈ ИЗУЧУВАЧИТЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

  • Марија Кусевска
  • Билјана Ивановска
  • Нина Даскаловска

Abstract

Предмет на ова истражување е говорниот чин на приговарање во меѓујазикот на македонските изучувачи на англискиот јазик. Тоа има за цел да го сврти вниманието кон два значајни аспекти во изучувањето на странските јазици. Прво, сметаме дека со засилувањето на глобализацијата и зголемувањето на комуникацијата меѓу луѓето од различни култури, се зголемува и потребата за вклучување на прагматиката во наставните програми. За жал, и покрај тоа што прагматичките компетенции како концепт се составен дел и на ЗЕРР (Заедничката европска рамка за референтни нивоа), во наставата на нив не се обрнува внимание. Второ, овој труд ја илустрира нашата заложба наставните  програми за изучувањето на странските јазици воопшто, и за развивањето на прагматичките компетенции посебно, да се изработуваат врз основа на емпириски истражувања спроведени со македонски изучувачи во македонски услови.

Published
2019-01-29