ЃАВОЛОТ И САМОВИЛИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР И НИВНАТА ИМАГИНАРНА ПРЕОБРАЗБА ВО РАСКАЗИТЕ НА МИТКО МАЏУНКОВ

  • Славица Урумова-Марковска

Abstract

Во овој труд се разгледува митолошкиот лик на самовилите и на Ѓаволите во Македонската народна демонолошка книжевност, а истовремено и во фантастичните раскази на Митко Маџунков. Ѓаволот во македонскиот фолклор како натприродно суштество поседува посебна моќ и сила, непрекинато се вмеѓува во човековиот живот, во кој е присутно анимистичкото верување дека човекот во природата го опкружуваат добри и лоши суштества, Рај и Пекол, и верувањето во Господ. Во такви услови, човекот настојувал да ја придобие наклонетоста на добрите суштества во напорите за одбрана од лошите.
За писателот Митко Маџунков македонскиот фолклор станува предизвик. За неговата уметничка проза, тој од народните верувања презема, трансформира или користи одделни културни елементи, решенија и можности. Ваквата негова инспирација ја потенцира неговата насушна потреба да сонува и фантазира, неговата потреба за  имагинарното, несекојдневното, за чудесно бесконечното и загадочното. Со тоа сака да го подготви читателот да го согледа идниот свет и работите на поинаков, непрагматичен начин, во еден нов, космички социјабилитет, да запознае и да прифати нова етика, свест, и нов поим на човекот и човечноста.
Преку анализа на овие раскази, кои се само мал дел од обемното творештво на Маџунков, ќе се разгледуваат особеностите на македонската научна фантастика како жанр, преобразбите на Ѓаволот во македонскиот фолклор и истите ќе се експлицираат. На тој начин, ќе се потенцира што е она што го издвојува творештвото на Маџунков од творештвото на останатите автори.

Published
Jan 30, 2019
How to Cite
УРУМОВА-МАРКОВСКА, Славица. ЃАВОЛОТ И САМОВИЛИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР И НИВНАТА ИМАГИНАРНА ПРЕОБРАЗБА ВО РАСКАЗИТЕ НА МИТКО МАЏУНКОВ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 701-707, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2723>. Date accessed: 25 june 2019.