ЛОГИСТИКА И СТРАТЕГИИ ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА УКРАСЕН КАМЕН
Abstract
Во трудот се елаборираат улогата на логистичките методи во функционирањето на компаниите
кои се занимаваат со производство на украсен камен. Логистичките процеси прикажуваат поефикасни
пристапи и методи до крајниот производ на украсен конфекциониран камен и процесот на подготовка
како основа на неговото производство, но и на било каков друг производ. Во процесот на набавка, од
важност се точноста, поволните цени и предвремените информации за јавните набавки. Во процесот
на производство е важна изработката на стратегија за производство. Добрата презентација и
елаборација на производот и комапанијата претставуваат правец за успешен пласман и продажба и за
крај маркетинг од секаков карактер, како на пример, телевизиска кампања, саем, промоции и др.
Клучни зборови: логистика, украсен камен, производство, маркетинг