СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ТРЕТМАН НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

  • Tose Gjorgјievski

Abstract

Отпадот кој настанува во текот на давањето медицински услуги, претставува сериозна закана за животната средина, а воедно и сериозен проблем со кој се соочуваат развиените земји, а посебно земјите во развој, вкучувајки ја тука и Република Македонија. Опасниот отпад во себе содржи повеќе категории на отпад, а акцентот овде би се ставил на медицинкиот отпад како посериозен причинител на уништување на животната средина. Болниците во многу делови од светот сè уште го решаваат прашањето за третманот со медицинскиот отпад кој завршува на депониите заедно со останатиот комунален отпад, што е една од најопасните пракси која сериозно ги загрозува животите на луѓето и животната средина. Како еден од подобрите начини на третман е спалување на медицинскиот опасен
отпад. Како главен аргумен во корист на спалувањето на медицинскиот отпад е тоа што остатоците од истиот се прилично стерилни и се фрлаат со останатиот отпад, со што се елиминира ризикот од зараза.


Клучни зборови: медицински отпад, загадување, управување, планирање, заштита, животна средина.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2018-12-25
How to Cite
GjorgјievskiT. (2018). СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ТРЕТМАН НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН. Natural Resources and Technology, 12(12), 97-105. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/2605