ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК

Authors

  • Petar Namichev
  • Екатерина Намичева

DOI:

https://doi.org/10.46763/NRT211510107n

Abstract

Традиционалната куќа содржела конструктивен систем кој употребувал локални материјали камен, земја и дрво, како и нивна дообработка. Живеалиштата со приземје и кат најчесто се изградени со масивен камен ѕид во приземјето и бондручен систем на катот, како најчесто практикувана комбинација на двата конструктивни системи. Примената на каменот при градење на куќата започнувала од темелите, преку носечките ѕидови на масивниот систем на градење, па се до покривањето со камени плочи. Земјата се применувала во различна форма на нејзина дообработка, за подовите, како врзно средство за ѕидовите од камен, за облагање на преградните ѕидови од плет и др. Дрвото покрај конструктивниот бондручен систем се применувало за изработка на вратите, прозорците, покуќнинските предмети и други декоративни елементи на куќата. Најзначајни елементи при традиционалното градење се еколошкиот пристап при изборот и користењето на основните материјали од околината, нивната колоритна ускладеност со природната околина и конструкцијата на градбата била прилагодена на потребите и можностите на локацијата, семејството и урбаниот простор кој бил предвиден.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2021-06-07

How to Cite

ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК. (2021). Natural Resources and Technology, 15(1), 107-113. https://doi.org/10.46763/NRT211510107n

Most read articles by the same author(s)