КОНСТРУКТИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ГРАДСКА КУЌА ОД 19 ВЕК ВО ШТИП

  • Петар Намичев
  • Екатерина Намичева

Abstract

Традиционалната куќа од 19 век во Штип содржи конструктивен систем со примената на елементи кои
формирале една сложена структура на градбата, со елементи на локална и архитектонска препознатливост.
Конструктивните решенија во сите елементи и фази на куќата дефинира сложен систем на ускладување на сите
елементи, преку примена на бондручен систем и камен ѕид, приспособени пред сѐ на просторните можности,
потребите на семејството и локалните сфаќања за градбата. Притоа се применети основни конструктивни материјали
(дрво, камен и обработена земја) во надворешното и внатрешното обликување. Применети се премази со смеса од
земја кои се доминантни на рамните површини на фасадите и декоративните детали со обработени штици кои
нагласуваат одредени контури или специфичен архитектонски израз. Значително е влијанието на градителските
занаетчиски групи кои внесувале одредени актуелни елементи, особено при декорацијата. При конструктивните
анализи применети се основните карактеристики на конструктивниот модел кој се применувал во регионите на
Балканот.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2017-12-26
How to Cite
Намичев, П., & Намичева, Е. (2017). КОНСТРУКТИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ГРАДСКА КУЌА ОД 19 ВЕК ВО ШТИП. Natural Resources and Technology, 11(11), 139-145. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/2003