Безбедност кај Компјутерските Мрежи од аспект на контрола на пристап
Abstract
Безбедноста на компјутерските мрежи е многу значаен процес, без кој во денешно време, незамисливо е функционирањето на една мрежа. Од особено значење се безбедносните услуги и механизми кои се користат за справување со различните видови на напади, како и стратегиите кои се преземаат за да се заштитат информационите системи. Контролата на пристап претставува еден механизам за определување на тоа кој има право на пристап кон определени ресурси. Tаквата контрола кај компјутерските мрежи е имплементирана преку користење на повеќе методи: Access Control List – ите се темелат на дефинирани правила за пристапување, Firewall – ите чиј основен концепт на работа е на база на филтрирање на пакетите, proxy серверот кој има улога на посредник меѓу клиентот што бара услуги и другите сервери.
ISA Server – от е многу моќен Microsoft – ов производ, кој има способност да игра повеќе улоги во дадена средина. За прикажување на еден сегмент од огромниот сет на функции кои се обезбедени од ISA Server-от, практично е имплементиран ISA Server 2006 во виртуелна околина и се тестирани некои негови перформанси.
Literaturhinweise
Michael Noel, Microsoft ISA Server 2006 Unleashed, 2008 by Sams Publishing
Dr.Thomas W. Shinder, Debra Littlejohn Shinder, How to Cheat at Configuring ISA Server 2004, Syngress Publishing Inc. 2006
Сашо Гелев, Интернет Технологии, ЕУРМ 2010