ПРОЕКТИРАЊЕ НА СИСТЕМ НА МОТИВАЦИЈА - НУЖНОСТ ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА И ЦЕЛИТЕ НА КОМПАНИИТЕ

  • Љубица Стефановска

Abstract

 Врз успешноста на нашите компании во голема мера влијае мотивацијата на вработените. Високата продуктивност на светските компании се должи на добро изграден систем на мотивација, што овозможува вработените да бидат мотивирани за брзо да се приспособат на промените што настануваат на глобален пазар. Нашите менаџери кои се борат со драматичниот пораст на сложените технолошки, организациски и социјални проблеми, тешко можат да ги сфатат модерните трендови во развојот на менаџмент-системот, темелен на добро проектиран систем на мотивација на вработените. Тензијата во нашите компании е присутна насекаде, условите за живеење стануваат сè потешки, работата не претставува задоволство како некогаш. Новиот пристап во проектирањето на добар менаџмент систем, значи драстична промена во однесувањето на вработените, радикални промени во организациската поставеност, јасно дефинирање на правата, обврските и одговорноста на секој поединец, како и проектирање и имплементирање на добар систем на мотивација. Во овој труд е дадена методологија за проектирање на добар систем за мотивација, која може да се имплементира во нашите компании. Системот на мотивација треба да овозможи стратегијата и целите на компанијата да се реализираат на задоволство на сите вработени.

 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2018-09-11
How to Cite
Стефановска, Љ. (2018). ПРОЕКТИРАЊЕ НА СИСТЕМ НА МОТИВАЦИЈА - НУЖНОСТ ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА И ЦЕЛИТЕ НА КОМПАНИИТЕ. Yearbook - Faculty of Economics, 1(1), 279-287. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2379