КРЕИРАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА СО ФОКУС НА ВЛИЈАНИЕТО НА ОДРЕДЕН ОДДЕЛ
Abstract
Основна цел на ова истражување е да се потенцира важноста на соодветна стратегија за внатрешните единици, нивното влијание и зависност во однос на здравствена установа како целина, за да понудат квалитетни здравствени услуги на пациентите. Дел од целите на истражувањето е потребата од мерање на ефикасноста на работата на одделните внатрешни единици на болницата, како насока од понудените стратегии. Односно, вклучување на детални информации и аспекти, од инпутот на една внатрешна едининица, преку аутпутот на друга внатрешна единица до согледувањето на ефикасност на целата здравствена установа и факторите кои влијаат на истата. Доколку по првичните влезови на пациентите во одреден оддел (поконкретно во ИВФ одделот) остануваат да ги користат услугите од истата болница во тој и во други оддели, тогаш може да се востанови дека таа здравствена установа има добра менаџмент стратегија и ефективно работи. Исто така, потребно е да се истакне значењето на анализата и мерењето на ефикасноста на конкретен оддел или цела болница со цел менаџментот да има постојан увид за реалната слика за ефективноста на здравсвената установа.