ВЛИЈАНИЕТО НА НАТАЛИТЕТОТ ВРЗ БРОЈОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ
Abstract
Наталитетот како демографска промена на населението игра значајна улога во општествениот раст и развој на една земја. Всушност, населението од една страна се јавува како производител, а од друга страна како потрошувач. Така доколку наталитетот е поголем поизразени ќе бидат сите фактори на развој на земјата Но, статистичките податоци покажуваат дека наталитетот на населението во Р Македонија во последните педесетина години покажува тренд на опаѓање, така во 1969 година во Р Македонија,се родени 40 342 деца, а, во 2015 година 23 075 деца. Така бројот на живородени деца во Р Македонија во 2015 година е намален за 43 %, во однос на 1969 година. Сепак од 2004 година се забележува најниско ниво, а потоа стабилизација со мал пораст до 2015 година. Од друга страна, пак, бројот на средношколците во последниве триесетина години покажува некоја стабилност со мали осцилации. Овој труд е фокусиран на прикажувањето на временската серија од триесетина години на наталитет и бројот на средношколците и нивната корелативна зависност изразена пресметковно, табеларно и графички.