УЧЕСТВОТО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА: МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ
Abstract
Трговијата е најчеста форма на интернационализација за која се определуваат фирмите, вклучувајќи ги и малите и средните претпријатија. Директното учество во трговијата на малите и средните претпријатија од земјите во развој не е во координација со нивната важност на национално ниво. Малите и средните претпријатија во развиените земји тргуваат релативно малку во споредба со големите фирми, и покрај фактот што истите сочинуваат поголем дел од извозниците и увозниците. Мерењето на индиректното учество на малите и средните претпријатија во трговијата претставува предизвик. Постоечките бази на податоци не содржат информации за индиректниот извоз на малите и средните пртпријатија (набавка на добра и услуги за домашни фирми кои извезуваат) или пак за нивното учество во глобалните добавувачки ланци.