ПРЕГОВАРАЊЕТО ВО ДЕЛОВНИТЕ АКТИВНОСТИ

  • Дарко Костов

Abstract

Преговарањето се јавува како комуникациско-аналитички процес во кој преговарачите се во меѓузависен однос и преку различни облици на комуникација и кооперација влијаат на вкупната вредност на резултатите и нивното распоредување. Основни карактеристики кои се заеднички за еден преговарачки процес е постоењето на две или повеќе преговарачки страни, постоењето на заеднички теми за кои ќе се преговара, точка на отпор, однос на меѓузависност итн. Значаен чекор за преговарачите е да одредат дали преговорите кои претстојат ќе им го олесни изборот на стратегија и тактика со која ќе настапат во текот на преговорите. Користењето на погрешни стратегии и тактики ќе доведат до лоши резултати на процесот на преговорање. Како соодветни стратегии може да бидат приспособувањето, избегнувањето или компромисот. Добрите преговарачи се способни да препознаат таква ситуација и да применат соодветни стратегии и тактики

 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2018-09-19
How to Cite
Костов, Д. (2018). ПРЕГОВАРАЊЕТО ВО ДЕЛОВНИТЕ АКТИВНОСТИ. Yearbook - Faculty of Economics, 11(1), 61-78. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2452