ГРАДЕЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО БАНКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОЈАВЕНИ ФИНАНСИСКИ КРИЗИ

  • Илија Гошев

Abstract

Денес во динамични и турбулентни услови на работење на банките, менаџментот треба да посвети особено внимание на процесот на формулирање стратегија, со цел да се остварат позитивни резултати во работењето. Опкружувањето во коешто работат банките отсекогаш претставувало главен предизвик при остварувањето на нивните деловни планови. Оттука, адекватното приспособување кон променливата природа на опкружувањето и дефинирањето на соодветна банкарска стратегија, заедно го претставуваат клучот за успех и остварување профит. Покрај остварувањето профит, цел на банките им е да обезбедат континуиран раст и развој. Остварувајќи ги овие цели, банката ги задоволува потребите на сопствениците, клиентите и општеството како целина, така придонeсувајќи за напредок на целокупниот стопанство. Интерактивниот однос помеѓу фирмите и банките наведува кон еден метафоричен заклучок: доколку парите се „крвта’’ на секој стопански систем, тогаш банкарскиот сектор е неговото „срце’’ коешто работи за „крвта’’ да стигне до сите делови од системот, како би овозможило негово непречено функционирање.

 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2018-09-19
How to Cite
Гошев, И. (2018). ГРАДЕЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО БАНКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОЈАВЕНИ ФИНАНСИСКИ КРИЗИ. Yearbook - Faculty of Economics, 11(1), 97-116. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2454