КАКО ДО ДОСТАТЕН И СООДВЕТЕН РЕВИЗОРСКИ ДОКАЗ?
Abstract
Ревизијата како современa научна дисциплина, подразбира процес на систематско прибирање и оцена на докази за информациите презентирани во финансиските извештаи на една компанија, со цел да се одреди степенот на кореспондентност меѓу финансиските извештаи и законски утврдените критериуми. Тоа е логичен систематски процес кој дава мислење за вистинитоста и точноста на информациите презентирани во финансиските извештаи, со што го подига кредибилитетот на истите и се основа за одлуки на интерните и екстерните корисници (стеикхолдери). Ревизијата е комплексна функција која бара време и напор од страна на ревизорот во сите фази од испитувањето на финансиските извештаи. Ревизорот е одговорен за изразеното мислење за финансиските извештаи на ентитетот кој е предмет на ревизија. За да може да одговори на ова барање, потребно е да собере доволно во квантитет и квалитет ревизорски докази, кои што ќе го поткрепат ревизорското мислење. Целта на ревизијата е да се откријат материјално значајни пропусти и грешки како и откривање на измами и нелегални трансакции.