ПОТРЕБАТА ОД ИТ ЕКСПЕРТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
Abstract
Со забрзувањето на научно-технолошкиот напредок и глобализацијата, светскиот политички и економски развој претрпе големи промени. Со цел да се подобри ревизијата, претпријатијата треба да ја применуваат националната регулатива, a екпертите да применуваат креативни алатки и методологии за решавање на проблемите и извршување на ревизијата. За да се разберат одделните активности на ентитетот кај кој се врши ревизија, ревизорот мора да располага со знаења од информатичката технологија, односно од нејзина примена во процесот на обработка на сметководствените податоци. Тој треба да ги разбира и проучува табеларно претставените податоци, графиконите и дијаграмите кои се креираат, целата организација на конкретната компјутерска обработка, и да поседува неопходно знаење за вградениот систем на интерни контроли. За контролните апликации се користат одделни програми што се изработени од страна на ревизорот. Со овие програми се проверуват резултатите од обработката на податоците и нивната веродостојност. Доколку вградените контролни механизми се сигурни, тогаш и обработените резултати што ќе се добијат ќе бидат точни.