ТРЕТМАНОТ НА ОПЕРАТИВНИОТ РИЗИК ВО МАКЕДОНСКОТО БАНКАРСТВО
Keywords:
оперативен ризик, адекватност на капиталот, ризично пондерирана актива, Базел 2.Abstract
Во услови на глобализација на финансиските услуги, појава на
бројни и разновидни финансиски производи, како и широката примена
на информатичката технологија во банкарското работење, ризичниот
профил на банките станува сѐ поразновиден и покомплексен. Имено, покрај
кредитниот и пазарниот ризик, меѓународната регулатива преточена во
Базелската спогодба за капитал воведува уште еден ризик кој треба да се
земе предвид при пресметката на адекватноста на капиталот, како мерка
за минимално потребниот капитал што една банки би требала да го има
за да обезбеди непречено работење. Станува збор за оперативниот ризик
кој во основа претставува ризик од загуба што може да настане поради
нестручност, невнимателност или несоодветност на лица, слабост
на интерните процеси или системи во една банка, како и надворешни
настани во банката.
Прифаќањето на барањата на Базел 2 од страна на македонските
банки, како и заложбaта на НБРМ за неговата примена, преку бројните
законски дополни кои се направени за таа цел ги поттикна македонските
банки (осoбено оние поголемите) да подготват сеопфатни стратегии и
политики за управување на оперативниот ризик, негова идентификација
и мерење, како и респектирање на истиот при пресметка на ризичноста
на сопствената актива и соодветната пресметка на адекватноста на
капиталот.
Во таа насока трудот има за цел да ги презентира основните законски
заложби на Централната банка на РМ за респектирање и пресметка на
оперативниот ризик, како и третманот што оперативниот ризик го има кај
одделните македонски банки со посебен осврт на трите најголеми банки во
македонскиот банкарски сектор.