СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЕКСТЕРНИТЕ И ИНТЕРНИТЕ РЕВИЗОРИ
Abstract
Дали финансиски информации за економските активности и настани
на компанијата се точни, целосни и согласно со законската регулатива
подготвени? Дали финансиските извештаи се реални? Дали ја прикажуваат
вистинската и објективната финансиска состојба и перформансите на
компаниите? Токму на овие прашања дава одговор екстерната ревизија,
чија основна задача е да се создаде веродостојна информациона база, која
ќе им овозможи на сите заинтересирани страни квалитетни информации
при донесувањето на стратешки одлуки. Затоа, ревизија на финансиските
извештаи на најважниот дел од целокупната ревизија.
Интерната ревизија се јавува како додаток на екстерната ревизија,
вршејќи формални и суштински испитување на исправноста и сигурноста
на сметководствената евиденција, на сите деловни функции во компанијата.
Американскиот институт за интерни ревизори под интерна ревизија
подразбира самостојна проценувачка функција востановена во компанијата
за да ги испитува и оценува активностите на компанијата. Интерните
ревизиори во суштина водат сметка за правилното функционирање
на компанијата и воспоставување на систем за ефективна внатрешна
контрола. Соодветно организирана интерна ревизија, значително ја
олеснува работата на екстерната ревизија.
Downloads
References
„Св. Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп,
2004.
Димитрова Ј.: Информативната функција на ревидираните финансиски
извештаи при мобилизирање капитал преку емисија на хартии од
вредност, докторска дисертација, Економски факултет - Прилеп,
2010 г.
Николовски, П.: „Интерна и екстерна ревизија“; Универзитет „Св.
Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп, 2009;
стр. 75.
„Правилник за основните елементи на упатството за работа, повелбата,
годишниот план и програмата за внатрешна ревизија“; Република
Македонија, Министерство за финансии, Централна внатрешна
ревизија; Скопје, мај 2005.
Ревизија I; Институт на овластени ревизори на Република Македонија.
Ревизија II; Институт на овластени ревизори на Република Македонија,
2009.